вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Црна Гора ја изненади Норвешка, Русија подобра од Србија

Црна Гора ја изненади Норвешка, Русија подобра од Србија

Ракометарките на Црна Гора се на чекот до пласман на ОИ во Токио откако во групата 3 која што се игра во Подгорица ја совладаа репрезентаицјата на Норвешка со 28:23.

Ѓурѓина Јауковиќ со седум гола беше најефикасна, а Јованка Радичевиќ постигна шест гола. За Норвешка Малин Ларсен со четири гола беше најеифкасна.

Русија оствари сигурна победа против репрезентацијата на Србија во рамки на квалификациската група 2 со 29:24.

Вјахирева со седум гола и Мангарова со шест беа најефикасни во составот на Русија, додека во тимот на Србија се истакна Поп-Лазиќ со пет погодоци.