петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Црногорскиот селектор со шокантни тврдења: Борозан немало да игра поради притисок од Македонија?!

Црногорскиот селектор со шокантни тврдења: Борозан немало да игра поради притисок од Македонија?!

Настапот на најдобриот црногорски ракометар, Вуко Борозан, на ЕП во Хрватска и натаму е неизвесен, а селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ, за тоа најголема причина наоѓа во притисокот од Македонија, објави спортскиот портал Екипа.

Ракометарот на Вардар пред Нова Година имаше сообраќајна несреќа во близина на Цетиње, во која го повреди мускулот на ногата што пак го доведува во прашање неговиот настап на ЕП. Според Ѓукиќ, на Борозан останува одлуката дали ќе игра или не, а тука пресуден според него е притисокот од клубот и од македонската јавност. Македонија и Црна Гора ќе играат меѓусебе во групата Ц на ЕП.

– Немам нови информации кога е во прашање состојбата со повредата на Вуко Борозан. Можам да го повторам само она што го реков, дека добредојден е секој играч што сака да игра за Црна Гора. И тој е секогаш добредојден, но тој мора сам да ја донесе таа одлука. Што се однесува до нас, нема притисок и тој е добредојден, но веројатно трпи притисок и од страна на клубот и од страна на целокупната македонска јавност, бидејќи се прави атмосфера дека однапред се откажуваме од неговиот настап на првенството. Желба на сите нас е настпот на ЕП да не го завршиме  после првата седмица и после три одиграни натпревари, а имаме право да направиме измена во составот и сето тоа е отворено, изјави Драган Ѓукиќ за црногорските медиуми.