недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Данска ја декласира Словенија, Шпанија сигурна против Шведска, Русија ја изненади Норвешка

Данска ја декласира Словенија, Шпанија сигурна против Шведска, Русија ја изненади Норвешка
HERNING, DENMARK JANUARY 27: (L to R) Mikkel Hansen of Denmark and Goalkeeper Niklas Landin of Denmark celebrate during the IHF Men's World Championships Handball Final between Denmark and Norway in Jyske Bank Boxen on January 27, 2019 in Herning, Denmark. (Photo by Jan Christensen / FrontzoneSport via Getty Images)

Ракометната селекција на Данска забележа уште една рутинска победа во Дебрецин и е првиот патник во главната фаза од групата А на Европското првенство во Унгарија и Словачка. По убедливиот триумф на отворањето со Црна Гора, големиот фаворит вечерва немаше проблем ниту проти Словенија и со фантастично второ полувреме се избори за нови два бода и лидерско место во групата.

Словенија, осоколена по победата над Македонија во првото коло, квалитетно го започна дуелот и долго време му парираше на данскиот тим. Но, кога беше најпотребно, Хансен и Гидсел се разиграа и го торпедираа противничкиот гол. На крај светскиот шампион славеше со убедливи единаесет гола разлика (23-34).

Хансен со осум гола беше најпрецизен на паркетот, а еден помалку имаше Гидсел. Кај Словенија се истакна Мачковшек со шест гола.

Значајна победа извојува селекцијата на Шпанија, која што на дербито против Шведска славеше со 32-28 и така со четири бода по две кола веќе ги насочи мислите кон главната фаза. Фернандез и Канељас со по седум гола беа водечка сила на „фуријата“, додека кај Скандинавците Ване беше прв стрелец со осум гола.

Изненадувањето на вечерта го приреди селекцијата на Русија, која го најде лекот за фаворизираната Норвешка и во крајно неизвесен натпревар славеше со 22-23 и ја впиша втората победа во групата Ф, а со тоа обезбеди и следна фаза на шампионатот.