Непобеднивоста на данската ракометна репрезентација на Светските првенства достигна 26 натпревари. Во четвртфинале на два нерамноправни противници, Данска ја декласира Унгарија аво Стокхолм со 40-23 (21-12) и пак ќе се бори за медал на планетарен собир.
Во данскиот табор се издвоија Гидсел со девет и Питлик со осум гола, а кај Унгарија на Чема Родригез добар натпревар одиграа Брдо и Лекаи со по шест погодоци. Противник на Данска во поуфиналето в петок во Стокхолм ќе биде репрезентацијата на Шпанија.