четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Данците бесни: Ние правиме ковид тестови, а во хотелот се прават забави и прослави со многу луѓе

Данците бесни: Ние правиме ковид тестови, а во хотелот се прават забави и прослави со многу луѓе

Данската ракометна репрезентација за ривал ја имаат селекцијата на Хрватска, а со победа против „коцкестите“, избраниците на Николај Јакобсен веќе со една нога ќе бидат во четвртфиналето на Мундијалот.

Сепак, пред дуелот со Хрватска, репрезентативците на Данска стравуваат дека на задолжителните ПЦР тестови може да бидат позитивни, бидејќи во хотелот, во кој што престојуваат, се организирале забави и конференции.

Како што пренесуваат данските медиуми, ракометарите на Јакобсен се пожалиле и биле бесни на организаторот поради условите во хотелот, во кој немало никаква заштита за Ковид 19.