четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Давид Дејвис е нов тренер на Веспрем

Давид Дејвис е нов тренер на Веспрем

Ракометниот стручњак Давид Дејвис е новиот тренер на унгарскиот клуб Веспрем.

Дејвис потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот за уште една сезона. Тој во Веспрем доаѓа на местото на Љубомир Врањеш, кој доби отказ по серијата лоши резултати од кои последен беше поразот од Вардар.

Дејвис на македонската јавност и е познат токму по неговиот ангажман во Вардар. Тој му беше помошник на тренерот Раул Гонзалез, а беше и тренер на женскиот тим на Вардар.

По заминувањето од Вардар работеше како селектор на египетската репрезентација.