среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Давид Дејвис или Урош Зорман во комбинација за замена на Веселин Вујовиќ

Давид Дејвис или Урош Зорман во комбинација за замена на Веселин Вујовиќ

Рускиот специјализиран портал  за ракомет „Брз центар“ пишува дека наследник на Вујовиќ ќе биде добро познато лице на македонската ракометна сцена – Давид Дејвис.

Шпанецот, кој дојде во Скопје уште во 2014 година, како помошник на Раул Гонзалес.

Три години го водеше Веспрем, а си замина летово, откако ја загуби титулата во унгарското првенство од Пик Сегед.

Втората опција е 41-годишниот Урош Зорман. Тримо Требње е неговото единствено исксутво како прв тренер и се уште трае, но претходно му беше асистент на Љубомир Врањеш на клупата на Словенија, како и на Талант Душебаев во Кјелце.

Тимот засега ќе го води Владо Недановски, а неговото најголемо искушение ќе биде дербито со Еурофарм Пелистер в четврток, во Битола.