Екипата на Веспрем изненадувачки остана без титула во Унгарија откако во финалето загуби од ПИК Сегед, па управата реши да го смени шпанскиот стратег Давид Дејвис Камара.
Веспрем му врачи отказ на тренерот кој во редовите на унгарскиот тим дојде со големи амбиции од Вардар, а прва цел му беше да ја освои Лигата на шампионите, но не успеа во тоа.
Раскинот на договорот е потврден на клупската интернет-страница и стои дека стапува на сила веднаш. 44-годишниот Шпанец беше дел од Веспрем од 2018 година.