петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Давид Дејвис: Нема да го потцениме Вардар во реваншот

Давид Дејвис: Нема да го потцениме Вардар во реваншот

Унгарскиот ракометен шампион Веспрем оствари убедлива победа над Вардар од 41-27 на првата  средба во Скопје.

Тренерот Давид Дејвис бара неговите момци уште еднаш на теренот да го потврдат квалитетот, односно воопшто немаат намера да ги потценат црвено-црните“ во реваншот.

-Одигравме одличен натпревар во Скопје. Мислам дека некој очекуваше толку голема предност. Најголемиот пораз на Вардар во групната фаза беше со седум голови. Сите аспекти на нашата игра беа добри: напад, одбрана, рамнотежа и контранапад. Навистина сме среќни, но нема да заспиеме. Овој меч трае 120 минути, а сега сме на само половина пат. Треба да ја завршиме работата. Ние нема да го потцениме нашиот ривал, но ќе влеземе во мечот со целосна самодоверба. Ние сакаме да се пласираме во четвртфиналето. Ние сакаме да продолжиме со оваа форма и сериозноста. Очекуваме тежок меч како во Скопје. Истото ќе го сториме и на следниот натпревар на домашен терен, -порача Дејвис пред реваншот со македонскиот шампион.