Давид Дејвис Камара тренерот на Веспрем му го нанесе најтешкиот домашен пораз на македонскиот шампион.
„Игравме сериозно, го започнавме мечот многу добро и продолживме понатаму во тој посакуван ритам. Моите играчи завршија добра работа, не беше лесно да се победи како што изгледаше. Ова е Лигата на шампионите, ние сакаме да играме во четвртфинале. Целиме кон Ф4-турнирот, ќе направиме се за да ги оствариме целите“, изјави Дејвис.