Давид Дејвис и официјално седнува на клупата на египетскиот тим Ал Ахли откако потпиша договор до 2025 година со оваа екипа.
Шпанскиот стратег се враќа во Египет, каде беше селектор во 2018 и 2019 година. Ова е негов нов ангажман откако летово го напушти кормилото на нашиот шампион Вардар.
Дејвис лани ја презема позицијата од Веселин Вујовиќ во втората полусезона од сезоната и успеа да ги препороди „вардарци“. Го предводеше нашиот најтрофеен клуб до двојната круна.
Откако Вардар беше исфрлен од Лигата на шампиони, реши да си замине од Скопје. Тој претходно му беше помошник на Раул Гонзалес во Вардар, а беше прв тренер и на женскиот состав на „црвено-црните“.