сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Дејан Манасков: Најважно е да се поправи сликата од СП

Дејан Манасков: Најважно е да се поправи сликата од СП

Репрезентацијата на Македонија ја очекува нов меч во квалификациите за Европското првенство догодина, бидејќи утре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје гостува светскиот шампион Данска.

Дејан Манасков не беше дел од тимот за Мундијалот во Египет, но ќе игра против светскиот шампион Искусното крило призна дека Данска е фаворит.

„На секој натпревар мора да се надеваме на победа. Не треба да се предадеме однапред, иако знаеме против кого играме утре. Не треба многу да се зборува за Данска, знаеме кој се и што се. Мора да одиграме максимално концентрирано, мотивирано и ако ни се укаже и минимална шанса да ја искористиме. Ќе биде тешко, тие се фаворити. Најважно е да се поправи таа слика од Светското првенство, да се остави позитивен впечаток, македонската јавност да види дека оваа генерација вреди и дека во иднина може да има подобри резултати“, изјави Манасков.