Давид Дејвис Камара и Венио Лосерт си заминаа од Вардар откако клубот не доби дозвола да игра во Лигата на шампионите, а веќе најдоа нов клуб.
Нов предизвик за шпанскиот тренер и неговиот хрватски партнер кој е тренер на голманите ќе биде Ал-Ахли, клуб кој доаѓа од Египед. За 45-годишниот Дејвис земјата на фараоните нема да биде новост, затоа што тој претходно една година беше селектор на Египет, пред да го преземе Веспрем. Венио Лосерт во тимот на Ал-Ахли ќе ја има улогата на асистент, истовремено ќе работи и со голманите.
Шпанецот Дејвис една сезона го водеше тимот на РК Вардар и успеа да ја обедини двојната круна на домашната сцена.