вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Дејвис: Многу важна победа за нас

Дејвис: Многу важна победа за нас

Македонскиот ракометен првак Вардар забележа голема победа против Монпеље (25-28) и фати приклучок за следната фаза во ракометната елита.

Давид Дејвис Камара го имаше дебито на клупата на „црвено-црните“ и уште на првиот натпревар покажа дека ќе биде големо засилување на клупата на двократниот европски првак. По победата кај Монпелје во Франција, Дејвис не го криеше задоволството.

„Прво, сакам да им честитам на играчите затоа што завршија фантастична работа тука во Монпелје. Ова е важна победа за нас по голема борба и среќен сум. Околу мечот, нашата одбрана беше добра, голманите беа добри, нападот беше добар и задоволни сме од она кое го прикажавме во целост против ваков ривал“, изјави Дејвис.

Вардар 1961 нема време за одмор, затоа што следната седмица доаѓа можеби најважниот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона – домашен дуел против должникот ППД Загреб.