петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Денес започнува ЕП за ракометарки, првиот меч во Скопје в сабота

Денес започнува ЕП за ракометарки, првиот меч во Скопје в сабота

Денес официјално започнува ЕП во ракомет за жени кое ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора..

Нашата репрезентација натпреварите ќе ги игра во СЦ Борис Трајковски а во Скопје првенството се отвора во сабота во 18. ч кога  Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Франција.

По пауза од 10 години женската ракометна репрезентација на Македонија се враќа на европските шампионати. Убава можност за оваа млада селекција да го стекне потребното искуство за континуитет на женскиот ракомет на големите натпреварувања.

Селекторот  Љупчо Савевски   полека но сигурно ја креваше формата на оваа селекција ракометарки која немаше многу среќа при извлекувањето на групите па во прелиминарната фаза ќе игра со силните селекции на Франција, Холандија и Романија сите аспиранти за висок пласман. Но и во таква ситуација девојките се надеваат на барем една победа на првенството.

Да потсетиме дека првиот натпревар го играме против Франција во сабота, два дена подоцна играме против Холандија а последниот дуел е со Романките.

Во СЦ Борис Трајковски каде ќе се играат натпреварите се прават последните подготовки а за денес во 11.30 ч ќе се одржи и прес конференција на РФМ. Во склоп на настанот е предвидена и кратка медиа-тура во рамки на спортската арена, каде е комплетирана целокупната спортска и наменска инфраструктура по највисоките ЕХФ стандарди.