сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Џерона: Среќни сме поради луѓето кои дојдоа да ни дадат поддршка!

Џерона: Среќни сме поради луѓето кои дојдоа да ни дадат поддршка!

Машката ракометна репрезентација на Србија приреди сензација во квалификациите за следното Европско првенство и пред својата публика во крајно неизвесен дуел славеше голема победа над моќната Норвешка (25-24).

Селекторот Тони Џерона по натпреварот истакна дека е многу среќен на триумфот и им се заблагодари на навивачите за големата поддршка.

„Благодарам на луѓето кои дојдоа да нè поддржат. Ова беше многу важен натпревар. Имавме многу проблеми, неколку играчи не можеа да играат, Марко исто така, сега е во болница. Играчите дадоа сè од себе. Многу сме среќни за оваа победа, играчите ја заслужија, среќни сме и поради луѓето кои дојдоа да ни дадат поддршка“, изјави селекторот на Србија.

Србија беше ослабена со отсуството на Петр Ѓорѓиќ, голманот Владимир Чупара, како Илија Абутовиќ и Марко Милосављевиќ.