Македонската машка ракометна репрезентација во недела ќе игра повторно во Португалија во квалификациите за пласман на ЕП во ракомет Останува желбата за докажување и нова битка на теренот.
„Кога играш со квалитетен тим како што е Португалија мора концентрацијата да биде на највисоко ниво сите шеесет минути. По 50 минута ние имавме пад и тоа го одлучи натпреварот. Некои од работите што ги договоривме пред мечот не ги испочитувавме и тоа беше клучот за пораз. За реваншот не можеме да промениме многу бидејќи е краток период, но ќе се обидеме да ги поправиме грешките. Одиме во Португалија да се бориме и да го дадеме својот максимум“, изјави Иван Џонов