петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Дибиров во со Загреб уште две години

Дибиров во со Загреб уште две години

Тимур Дибиров за неколку месеци ќе го прослави 40. роденден (30 јули), но ветеранот не размислува за пензија и најдобар доказ за тоа е последната информација која дојде од неговиот клуб ППД Загреб.

Популарните плинари соопштија дека левото крило се согласило за продолжување на соработката за уште две сезони што значи дека Русинот ќе биде активен најмалку до 42 година.

Со ова Дибиров дополнително ќе го продолжи престојот на Балканот каде девет години беше дел од најдобриот македонски клуб Вардар за да од 2022 година се пресели во Загреб.