Со два порази од првите две средби во групната фаза, најтрофејната репрезентација во светскиот ракомет, Франција, ги загуби сите шанси за пласман во главната рунда и ќе мора да се врати дома.
Ова се очекуваше да предизвика потрес и во најмала рака отказ за селекторот Динар, но тоа нема да се случи.
Како што пишува ouest-france.fr, техничкиот директор на Француската ракометна федерација, Филип Бана, потврди дека селекторот Динар ќе ја сочува својата функција.
Динар ја води Франција од 2017 година и ја однел до златото на СП 2017, како и до бронзите на ЕП 2018 и СП 2019.