Давид Писоњеро, поранешниот тренер на Вардар го доведе во својот Ваљадолид македонскиот ракометар Димитар Димитриоски. Поранешениот играч на Металург, Вардар и Е. Пелистер 2 потпиша едногодишен договор со некогаш силната шпанска екипа.
-Го познавам од времето кога го тренирав во Вардар. Иако се уште не е познат во светски рамки, знам дека се работи за добар играч. Може да игра на повеќе од една позиција и тоа е за нас многу битно, затоа што ќе можеме со еден ракометар да покриеме повеќе места, изјави Писонеро.
Ваљадолид ќе го користи Димитриоски на позициите лево крило и централен бек.