Ракометниот клуб Металург со неочекуван пораз од Пролет стартуваше во плеј-офот во македонскиот ракометен шампионат, а по мечот отказ заработи тренерот Оливер Димитриоски.
Димитриоски дојде како замена за Зоран Кастратовиќ, но поразот од еден од директните ривали во борбата за место во Европа беше причина за неговиот отказ..
„Поради слабото и безидејно издание на нашиот тим во неколку последователни натпревари и слабите резултати, Управата на клубот му се заблагодари на соработката на тренерот Оливер Димитриоски. Во следните неколку дена ќе се донесе одлука кој ќе го води тимот во плејоф-натпреварите на македонската Суперлига“, стои во решението на управата.
Од Металург најавија дека ќе бараат стабилно решение за клупата и во најбрз можен рок тимот ќе добие нов стратег, за наредните предизвици во плеј-офот.