Реновирањето во романскиот Динамо Букурешт пред стартот на новата сезона продолжува.
По завршувањето на соработката со Калифа Гедбан (потпиша со Еурофарм Пелистер), уште еден искусен ракометар заминува од романскиот шампион. Се работи за ветеранот Едуардо Гурбиндо, кому договорот му е раскинат една година пред истекот.