четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Динамо Букурешт: Челниците на ЕХФ сакаат само интерес и политика

Динамо Букурешт: Челниците на ЕХФ сакаат само интерес и политика

Романскиот шампион Динамо Букурешт е бесен на челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ), поради одлуката ППД Загреб да добие покана за настап во Лигата на шампионите.

Романците се надеваа дека токму тие ќе бидат учесници во елитното натпреварување, но сепак ЕХФ се одлучи да го „почести“ хрватскиот тим.

Од управата на Динамо велат дека челниците на европската ракометна централа се „врзани“ околу политика и интерес. Тие се целосно разочарани од нивната одлука.

ППД Загреб доби една од шесте „валјд-карти“ за учество во Лигата на шампионите, а романскиот клуб тврди дека ЕХФ се одлучила на овој чекор поради причини кои немаат допирна точка со спортот и натпреварувачкиот дух.

Хрватската јавност, пак, вели дека Романците не морале да го посочат токму Загреб како „виновник“ во целата ситуација, затоа што покана за настап доби и тимот на Колштад, за кој велат дека „до вчера не постоеше на европската ракометна карта“.

Од Динамо Букурешт најавуваат жапба на одлуката, а разврската треба да биде позната во следните неколку дена. Разочарувањето кај романскиот тим е големо, затоа што тамошните медиуми тврдеа дека клубот ќе располага со сериозен буџет од околу три ипол милиони евра за новата сезона.