недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Дисингер ќе почне да „пука“ за Вардар против Мешков Брест!

Дисингер ќе почне да „пука“ за Вардар против Мешков Брест!

Македонскиот ракометен првак Вардар ќе го има на располагање новото засилување Кристијан Дисингер веќе на наредниот меч во Лигата на шампионите, кој се игра на домашен терен против Мешков Брест.

Сите процедури околу документацијата се завршени и Германецот кој е прв во историјата на најтрофејниот македонски ракометен колектив ќе може да се покаже пред скопската публика.

Дисингер ќе биде од голема помош за Вардар, ако се земе предвид дека главниот лев бек Вуко Борозан е под знак прашалник, поради црвениот картон против Киелце и ЕХФ се очекува да му изрече суспензија.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест ќе биде во рамки на 6. коло во Лигата на шампионите и се игра по репрезентативната пауза, на 3 ноември.

 

извор: gol.mk