Три првенства зад себе и сè уште се задоволувате да ве викаат „млади“, не сте веќе само „млади“, тоа треба да си го врежите во главите.
Билик има 23 години, а веќе е носител на играта на Австрија, моментално и најдобар стрелец на првенството. Сагосен има 24 години и гризе како лав за Норвешка.
Кире Лазаров има 39 години, незаменлив е мора да признаеме, но знаете што, Кире еден ден нема да игра со вас, тој ден е многу блиску, сè уште се надеваме на него и неговите голови.
На Македонија ѝ треба нов Кире Лазаров, нов со кого овој сегашниот би се гордеел. Нов Кире Лазаров со кого би ги освоиле светскиот и европскиот трон, можеме! Имаме надежни ракометари, сигурно во нив се крие новиот Кире Лазаров.
Но знаете што ви треба за да бидете Кире Лазаров? М*ДА! И ова не го сфаќајте како критика, туку како мотив плус за во иднина.
ПС: Кире ти не треба да се извинуваш, твојот придонес за Македонија е преголем, а вие „младите“ почнете да созревате!!!
Ристе Здравков