петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Драган Начевски кандидат за наградата за животно дело „Осми септември“

Драган Начевски кандидат за наградата за животно дело „Осми септември“

Структурите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денес ја одржаа планираната седница на Управниот одбор на која донесоа неколку одлуки.

Едната од одлуките на Управниот одбор беше да се верификува предлогот според кој прославениот поранешен судија Драган Начевски ќе биде предложен за државната награда „Осми септември“. Ова е признание за животно дело и придонес во спортот, сегменти во кои Начевски котира високо. Одлуката ја поддржа и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, кој нагласи дека е горд што Македонија има име како Драган Начевски.

Во моментов екс-арбитрот кој беше дел од судискиот пар Драган и Марјан Начевски, работи како главен на судиската комисија при Европската ракометна федерација, позиција на која го има својот трет мандат. Покрај тоа Драган Начевски редовно е и делегат на натпреварите под капата на Европската ракометна федерација (ЕХФ), но и Светската ракометна федерација (ИХФ).