вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Двете сестри близначки сега се мажени за ракометари – поранешниот играч на Вардар ја запроси убавата струмичанка, еве кој му е баџанак (ФОТО)

Двете сестри близначки сега се мажени за ракометари – поранешниот играч на Вардар ја запроси убавата струмичанка, еве кој му е баџанак (ФОТО)

Поранешниот ракометар на РК Вардар, Германецот Кристијан Дисингер по неколкугодишна љубовна врска, ја запроси неговата девојка, манекенката Марија Андоновска.

Парот оваа вест ја сподели на социјалните мрежи, односно Марија сподели фотка од нејзината рака и прстенот и со кратки зборови напиша: „My forever“.

Се разбира, нивните пријатели на социјалните мрежи им честитаа за нивната одлука, а помеѓу првите кои напишаа коментар, беше и нејзината сестра-близначка Душица Андоновска која пак е во брак со хрватскиот ракометар Игор Карачиќ.