четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Двомечот со Португалија ќе го одреди барабанот на Македонија

Двомечот со Португалија ќе го одреди барабанот на Македонија

Според информациите на Европската ракометна федерација (ЕХФ), трите најдобри селекции од ланското Европско првенство (ЕП), Шведска, Шпанија и Данска, како веќе пласирани на континенталниот шампионат, в година во Германија ќе бидат сместени во првиот барабан при извлекувањето на групите на 10 мај во Диселдорф.

Во првиот барабан ќе бидат и трите најдобри селекции од квалификациите. Во вториот барабан веќе има резервирано само едно место, и тоа за домаќинот Германија, а пет првопласирани селекции од квалификациите ќе ги исполнат преостанатите места.

Осумте второпласирани селекции од квалификациите, како и четирите третопласирани селекции, ќе бидат сместени во третиот и во четвртиот барабан за ждрепката, во зависност од освоените бодови во квалификацискиот циклус.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров моментно имаат четири бода по победите над Луксембург дома и над Турција на гости, но исто толку има и Португалија. Токму меѓусебниот двомеч (9 и 12 март) ќе го реши прашањето кој ќе биде прв во групата, што, пак, ќе се рефлектира и врз тоа која селекција во кој барабан ќе биде за ждрепката за ЕП 2024.

Појасно ќе стане по третото и четвртото коло од квалификациите идната недела, но и по гостувањето кај Луксембург и играњето дома со Турција (двата меча во април).

ЕХФ реши и кои репрезентации во кои градови би играле доколку се пласираат на Европско првенство. Така Германија ќе биде во групата А и Норвешка во групата Д, двете во Берлин, Хрватска во групата Б и Шведска во групата Ц би играле во Манхајм, а Исланд во групата Ц и Данска во групата Ф, во Минхен.

Двете најдобри репрезентации во групите А, Б и Ц ќе се пласираат во главната рунда, која ќе се игра во Келн, а првите две селекции од групите Д, Е и Ф продолжуваат во Хамбург.