Иван Џонов забележан и од селекторот Кире Лазаров, кој го вклучи бекот на Пролет на списокот за подготовки за СП 2023 во Полска и во Шведска.
Џонов минатото лето настапи на Медитеранските Игри, а пред неколку месеци настапи за сениорската репрезентација против Луксембург и Турција, на стартот од квалификациите за ЕП 2024.
„Повикот на селекторот многу ми значи и можам да кажам дека ќе сторам се за максимално да ги одработам овие подготовки. Се чувствувам одлично, играм во добра форма на клупски план, се надевам дека добрите игри од Пролет ќе ги продолжам и во дресот на репрезентацијата. Имаме доволно време за подготовки и воигрување, ќе одиграме и четири пријателски натпревари со кои очекуваме максимално подготвени да го дочекаме светскиот шампионат. Таму групата е добро позната и ни малку лесна, но ние ќе дадеме се од себе за да оствариме најмалку една победа во Краков“, вели Иван Џонов