Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер пред стартот на новата сезона, ќе учествува на традиционалниот ТВ турнир на шампионите во Добој, Босна и Херцеговина.
Турнирот ќе се одржи од 14-ти до 18-ти август, а битолчани ќе бидат една од осумте екипи кои ќе играат на 53-то издание на турнирот.
Битолчани се наоѓаат во групата А заедно со домаќинот Слога, Монпелје и египетскиот Ал-Ахли.
Групата Б ја сочинуваат Барселона, Загреб, Целје Пивоварна Лашко и Војводина. Првиот меч, битолчани ќе го играаст против Ал-Ахли. Последен пат Е. Пелистер на турнирот во Добој играше пред три години, кога во финалето загуби од францускиот Шартр и тоа во пенал-рулетот.