Македонската ракометна репрезентација со максимални пет победи ја заврши групната фаза на Европското првенство за играчи до 18 години што се одржува во Грузија.
„Црвено-жолтите“ попладнево ја совладаа Естонија со 26:22 за потврда на 1.место во А-групата.
Македонската селекција како првопласирана од групата се пласира во полуфиналето.
Противник на избраниците на селекторот Данило Брестовац во полуфиналната фаза ќе биде второпласираниот од Б-групата, а ќе се знае вечерва по одигрување на натпреварот меѓу Белорусија и Италија. (МИА)