петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Емил Бергхолт останува во Скјерн

Емил Бергхолт останува во Скјерн

Учесникот во Лига на Европа, Скјерн од Данска објави дека ја продолжи соработката со капитенот на екипата, кружниот напаѓач Емил Бергхолт.

Раководството на клубот и 25 годишниот ракометар, кој од својата кариера настапува за екипата на Скјерн, се договорија на долгорочна соработка.

Бергхолт во Скјерн ќе остане и во наредните четири сезони, односно дресот на Скјерн ќе го носи до јуни, 2027 година. Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона Бергхолт ја доби и капитенската лента.

Скјерн во првото коло од Лига на Европа беше поразен од Нексе со 30:29.