сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЕП ракомет 2018: Германците се плашат од балканските навивачи

Германија ќе настапува во Ц-групата во Загреб, а својот прв дуел ќе го има на 13 јануари против Црна Гора (почеток 17:15 часот).
ЕП ракомет 2018: Германците се плашат од балканските навивачи

Голманот на Германија Андреас Волф изјави дека балканските репрезентации ќе имаат голема поддршка од трибините и дека навивачите на Словенија, Македонија и на Црна Гора може да им направат проблеми.

– Во група сме со три репрезентации од Балканот. Слушнав дека повеќе од 5.000 словенечки навивачи ќе го поддржат својот тим во Загреб. Македонците и Црногорците се од иста ракометна лудост. Значи, треба да се справиме со тие емоции од трибините. Или ние треба да ги користиме како мотивација или мораме да ја смириме арената за да бидеме успешни, изјави Волф во интервјуто за официјалната веб страна на Европското ракометно првенство 2018.

Германија ќе настапува во Ц-групата во Загреб, а својот прв дуел ќе го има на 13 јануари против Црна Гора (почеток 17:15 часот).

Истиот ден Македонија ќе се сретне со Словенија (19:30 часот).