четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЕП: Шведска сигурна против Унгарија за први бодови во главната фаза

ЕП: Шведска сигурна против Унгарија за први бодови во главната фаза

Ракометарките на Шведска славеа рутинска победа против Унгарија (25:30) во главната фаза на Европското првенство.

Натпреварот во „Стожице“ помина во знакот на фаворитот кој со овој триумф остана во битка за полуфиналето. Швенаѓнките отворија добро со предност од 1:4, тоа не ја откажа Унгарија која успеа да се врати и да поведе минимално.

Сепак, во финишот од полувремето скандинавскиот тим ја презема контролата и на пауза замина со предност од три гола разлика (15:18).

Добрата игра на Шведска продолжи и во второто полувреме. На самиот старт стигнаа до плус четири, Унгарките се вратија на минус еден, но потоа следуваше нов пад во играта по кој Шведска ја презема контролата и дојде до сигурна предност.

Јасмина Робертс беше најефикасна со девет гола, додека во редовите на Унгарија Клујбер постигна шест.