Португалците кои се хит на Европското ракометно првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, сепак, нема да играат полуфинале. Во тоа ги спречи Словенија која го доби меѓусебниот дуел со 29:24 и остана во игра за влез во големата четворка.
Блаж Јанц со седум гола беше најефикасен ракометар на „змајчеки“, по шест додадоа Доленц и Мацковшек. Најмногу погодоци (6) за Португалија, која никој не ја очекуваше во вториот круг на ЕП, реализира Гомеш, но сам не множеше против расположените Словенци.
Расплетот во групата И ќе зависи од исходот на мечевите во последното коло во кое Словенија ќе игра со Норвешка, а Унгарија, покрај денешниот дуел со Норвежаните кои во петтото коло ќе играат и против Шведска.