петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм ја бара „Боро Чурлевски“ под концесија, ЛШ ќе се игра во Битола

Еурофарм ја бара „Боро Чурлевски“ под концесија, ЛШ ќе се игра во Битола

Во градот во кој беше одигран првиот натпревар од Лигата на шампионите, Битола, пак се враќаат натпреварите од Лигата на шампионите. Еурофарм Работник доби покана за настап во Ц и Д сегментот на Лигата на шампионите, а клубот ќе ја пријави спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола за свој домашен терен.

Имено, битолскиот клуб има намера да ја побара салата под концесија од Општина Битола и да ги перфекционира недостатоците. Иако изградена во 70-тите салата „Боро Чурлевски“ ги исполнува барањата на ЕХФ, па во ноември минатата година македонската репрезентација одигра официјален натпревар по една ипол деценија во Битола. Пролетва во рамките на групната фаза на ЕХФ Купот, Еурофарм Работник беше домаќин на Хановер, Татабања и Нексе Нашице во Битола, а од ЕХФ доби највисоки оценки за организацијата.

Наскоро, инспекција на СЕХА и ЕХФ ќе пристигне во Битола и според неофицијалните информации ќе даде „зелено светло“ за натпревари од Лигата на шампионите во Битола.

Следната недела Еурофарм Работник ќе ги дознае противниците за групната фаза на Лигата на шампионите, а веднаш потоа ќе биде откриен и календарот за СЕХА лигата.

ИЗВОР: ГОЛ.МК