среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер го совлада Вардар во Скопје

Еурофарм Пелистер го совлада Вардар во Скопје

Еурофарм Пелистер го победи Вардар во Скопје со 24:23, па сега на табелата во ракометната Супер лига е нов лидер.

Битолчани со десет бодови се први, Вардар остана на осум бодови, па во останатите осум кола до крајот на првенството, битолчани се во пол позиција. Освен лидерското место на кое се сега, Еурофарм Пелистер против Вардар ќе игра уште еднаш и тоа во Битола.

Најпрецизен кај Пелистер беше Табоада со шест гола, а Мандалиниќ погоди пет пати. Дибиров со шест и Моралес со пет гола беа најпрецизни кај Вардар.