Битолскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер во Европската лига и ја запиша третата победа во низа, откако денес славеше против Татабања за само два дена.
По вчерашните 21-19, вечерва, македонскиот вицешампион долги време бркаше негатива, но ги дочека своите минути и по вистинска драма славеше со 24-21, со што ги сочува шансите за пласман во елиминационата фаза.
Мандалиниќ со девет гола од 14 обиди беше прв стрелец во редовите на домашната екипа, а солиден настап имаа и голманот Хендави со 9 одбрани и Радовиќ со три гола.