недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер на пенали до трофејот на турнирот во Струга

Еурофарм Пелистер на пенали до трофејот на турнирот во Струга

Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Пелистер е освојувач на трофејот на 50. јубилејно издание на турнирот во Струга.

Битолчани во големото финале беа подобри од Целје и тоа во средба која беше прекината во раната фаза при водство од 4-3 за гостите од Словенија. Поради лошото време и услови на теренот организаторот во консултација со двете екипи одлучи да се изведуваат удари од седум метри за да се добие победникот во Струга.

Тука подобро се снајде македонскиот претставник и со 7-6 дојде до пехарот. Токму голманот на Пелистер, Урбан Лесјак беше прогласен за најдобар на турнирот, неговиот соиграч Жарко Пешевски го грабна МВП признанието, додека Филип Талески од Вардар беше најефикасен играч на ова јубилејно издание на најпознатиот тунир во Македонија и пошироко.

Конечен пласман:
1. Еурофарм Пелистер
2. Целје
3. Татран Прешов
4. Вардар 1961
5. АЕК Атина
6. Алкалоид
7. Струга
8. Бутел Скопје