Бојан Лах и Давид Сок од Словенија ќе ја делат правдата на дуелот од групата „Б“ помеѓу Северна Македонија и Австрија од третото коло на Европското ракометно првенство.
На „жолто-црвените“ им треба задолжителна победа против домаќинот, ако сакаат да се надеваат на пласман во следната фаза од континенталното натпреварување.
Дуелот утре се игра во „Штрадхале“ во Виена со почеток од 18,15 часот.