недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Филип Кузмановски на прегледи во Германија

Филип Кузмановски на прегледи во Германија

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски не го заврши последниот квалификациски меч и заедно со своите соиграчи од репрезентацијата да го прослави пласманот на Европското првенство 2024.

Во 22. минута беше изнесен од теренот на носилка откако незгодно доскокна и го превитка скочниот зглоб по што беше изнесен на носилки од салата.

Кузмановски веќе е во Германија каде ќе му бидат извршени дополнителни лекарски прегледи по кои ќе биде познато колку време ќе треба да паузира и секако за каква повреда станува збор.