недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Филип Лазаров го продолжи договорот со германски Интерактив

Филип Лазаров го продолжи договорот со германски Интерактив

Филип Лазаров доби продолжување на договорот на тренерската позиција во германски Интерактив до 2024 година.

Поранешниот репрезентативец на Македонија имаше успешен старт на сезоната, па иако дојде како привремено решение, сепак по неговите добри резултати стигна потврдата за продолжување на соработката.

Новиот договор го обврзува Лазаров да го води германскиот клуб и во наредната 2023/24 сезона.

Интерактив во есенскиот дел од првенството е без пораз по 13 натпревари, одиграа само еден натпревар нерешено и славеа на 12 средби. Очекувањата се клубот да се бори за место во третата германска лига.