По освојувањето на шампионската титула во регионалната лига, тимот на Интерактив Хендбол предводен од Филип Лазаров обезбеди место во Третата Бундес лига.
Сезоната беше комплетирана со трофеј за Интерактив на завршниот турнир од Купот во кој играат екипите од пониските лиги.
Интерактив на Лазаров во финалето го победи составот на Штромбах со 35-24, додека претходно во полуфиналето го елиминира Хофвајар со 41-32.
Со триумфот и куп трофејот во оваа конкуренција, Интерактив обезбеди место во елитното Куп натпреварување во втората рунда следната сезона каде ќе се соочи со тим од Бундес лигата или од Втората Бундес конкуренција.