Во македонската ракометна репрезентација играат четири Филиповци, тие вчера заедно запишаа 15 гола и беа едни од најдобрите на теренот.
Најмногу голови зад своето име во победата на Македонија од 29:28 запиша Филип Кузмановски кој имаше 5 гола, Филип Миркуловски запиша 4 голови, Филип Талески и Филип Лазаров избројаа до три.
Филип Лазаров на Инстаграм објави фотографија на која се токму четирите Филиповци, фотографија која ги воодушеви сите македонски фанови. Тој покрај фотографијата напиша „Филип Македонски“.
Фотографијата на Инстаграм собра скоро 550 лајкови.