понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Фленсбург подготвен да плати за Питлик

Фленсбург подготвен да плати за Питлик

Новиот ракометен  репрезентативец на Данска, Симон Питлик откако имаше одличен деби настап на Светското првенство годинва, стана мета на неколку богати клубови, кои сакаат да го ангажираат во своите редови.

Како што пишува данската телевизија „ТВ 2 СПОРТ“, Питлик својата кариера ќе ја продолжи во Бундес лигата, односно во Фленсбург.

Иако Питлик има договор со ГОГ до 2025 година, сепак, се проценува дека Фленсбург на данскиот шампион ќе му плати оштета од околу четири милиони дански круни, односно 540.000 евра и тоа би било најскапиот трансфер во ракометната историја во Данска.