сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ФОТО: Мукаетов организираше прием за кадетите, им порача дека ги очекува светла иднина

ФОТО: Мукаетов организираше прием за кадетите, им порача дека ги очекува светла иднина

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов денес се сретна со кадетската репрезентација која во неделата го освои ЕХФ шампионатот што се играше во Летонија.

Македонските кадети со освојувањето на турнирот обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.

Мукаетов им го честиташе успехот на ракометарите и стручниот штаб, и на сите што дадоа придонес за овој резултат.

-Голема чест, голема работа, горди сме на вас што ја вративме Македонија во елитата. Вам ви претстои светла иднина, но многу да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и многу сум ви благодарен, посочи Мукаетов.

Воедно, првиот човек на македонскиот ракомет посочи дека репрезентацијата ќе биде наградена со 700.000 денари, откако одлуката за премијата ќе помина на Управен одбор. Мукаетов уште еднаш покажа дека знае да ги цени успесите на македонските ракометари и дека не се случајни резултатите на репрезентациите во сите категории на кои РФМ им овозможува идеални услови за тренинзи и подготовки.