Капитенот на Вардар и репрезентативен кружен напаѓач на репрезентацијата на Македонија, Стојанче Стоилов, пред два дена доби принова.
Искусниот ракометар со својата сопруга Даница станаа родители на малиот син, Бојан. Денес се појавија и првите фотографии пред заминувањето на среќниот пар од болницата, на кои е фотографиран Столе со својот син.
Фотографии од болницата:
Инаку, Столе и Даница стапија во брак минатиот месец, но не успеаја да го прослават својот момент, па поради пандемијата со коронавирусот, прославата беше само со најблиските.