четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Франција остана без двајца ракометари за Мундијалот

Франција остана без двајца ракометари за Мундијалот

РакомерСелекцијата на Франција ќе биде без услугите на двајца ракометари на Монпелје за претстојниот Мундијал во Полска и Шведска.

Според пишувањата на „Миди Либре“, Карл Конан, специјалист за одбрана и десниот бек Жулиен Бос, нема да му бидат на располагање на селекторот Гијом Жил.

Koнан поради повреда на стопалото ќе биде надвор од терените два месеци, додека Бос сигурно нема да игра до крајот на годинава и нејасно е дали двајцата би можеле да бидат спремни за СП.

Франција се наоѓа во групата Е на Мундијалот и ќе игра против домаќинот Полска, Словенија и Саудиска Арабија.