Анте Гаџа одлично го познава следниот ривал на Вардар во Лигата на шампионите. Вардар е во голема криза и има шест порази по ред, а серија што ќе се обиде да ја сопре со успех против Загреб на гостински терен.
„Загреб ја крена формата во последно време и играат се подобро. Мора да одиграме борбено и максимално сконцентрирано, а очекувам со добра одбрана што е значаен фактор да забележиме добар резултат. Ако одиграме цврсто во дефанзива можеме да се надеваме на бодови“, изјави Гаџа.
Мечот од 10. коло во А групата во Лигата на шампионите ќе се игра во Загреб, во среда од 20.45 часот. Вардар со пет бода моментно е шести, последна позиција што гарантира учество во доигрувањето за европската круна. Загреб е веднаш зад македонскиот првак со четири бода по 9 кола.