Ракометната федерација на Македонија денес го дочека генералниот секретар на ЕХР, Мартин Хауслејтнер.
Секретарот на Европската ракометна федерација е во Скопје за натпреварите од главната фаза на евро-шампионатот, а тој го искористи времето во главниот град на Македонија.
Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски го пречека и прими Хауслејтнер, кој ги разгледа просториите на федерацијата, а имаше и средба со вработените во неа.